Ринелса како компанија со повеќе од 20 годишно искуство на пазарот посветено работи, создава квалитет и ги задоволува потребите на секое домаќинство. Наша примарна цел беше пазарот за широка потрошувачка каде пратејќи ги најновите трендови на нашите купувачи им ги направивме достапни најквалитетните и водечки брендови.

Инспирирани од Вас, со огромна амбиција и желба на сите урбани купувачи, гурмани и познавачи со префинет вкус ви понудиме едно малку поинакво искуство, се роди LUSSO, продавница која веќе четири години се грижи за вашата кујна и дом. Како добри познавачи и големи љубители на стилски и луксузни парчиња, за вас избравме водечки италијански и француски брендови кој се синоним за квалитет, дизајн и функционалност. Се водевме од идејата да бидеме оргинални и да понудиме производи кој се уникатни и различни од она што е веќе видено на пазарот, почнувајќи од најосновни алатки за подготовка на храна, атрактивни чинии и чаши, луксузни вински акцесоари, се до уникатни и модерни декоративни украси. Посветеноста на нашиот тим и грижата за нашите потрошувачи и спремноста да во секое време се погрижиме со своите идеи и совети за сите оние кој сакаат во својот дом добриот вкус и квалитет да дојдат до израс, доведоа до стекнување на огромна доверба од страна на нашите купувачи и не сместија на самиот врв.