TOGNANA

Почнувајќи ја својата приказна во далечната 1775година TOGNANA е бренд кој ви носи безвременски , модерен дизајн инспириран од традицијата. Уметноста за производство од минатиот век споена со сегашните технолошки трендови, резултира со производи со врвен квалитет, елегантни форми и декорации кој се инспирација за сечија трпеза.

Погледни ја понудата

ANDREA FONTEBASSO 1760

Бренд кој е резултат на долгогодишно искуство,уникатна креативност и дизајн кој датира од далечната 1760година. Отмен, рачно изработен порцелан, за посебни и свечени или неформални прилики, ја оплеменуваат секоја маса со елеганција и свежина нудејќи класични и тренди линии на производи.

Погледни ја понудата

LUIGI BORMIOLI

Лидер во производството на кристално стакло од 1946година и синоним за италијански стил и квалитет. Прво стакло без олово во светот, познат по производство на чаши со екстремно висок степен на транспарентност и брилијантност. Имаат прекрасен звук, го одржуваат својот сјај по илјадници циклуси на индустриско миење садови и поседуваат издржливост во која ќе уживате многу години.

Погледни ја понудата

CRISTAL D’ARQUES

Елеганција a la Francaise и неповторлива убавина, преточени во кежуал chic изглед инспириран од францускиот животен стил. Француски кристал со незаменлива транспарентност, супериорна сила и пријатен звук. Одликувајќи се со стилизирани облици, симетрични мотиви и совршени пропорции нивните колекции означуваат ново поглавје во уметноста на декорацијата.

Погледни ја понудата

CHEF & SOMMELIER

За вашата маса да биде уникатна CHEF&SOMMELIER ве инспирира со врвни,оригинални и несекојдневни колекции. Чаши за дегустација кои создаваат совршено чувство на уживање,будејќи го секое сетило – допир и вкус, вид и мирис. Издржливи, практични и модерни, чаши совршено прилагодени за уметноста на служење вино.

Погледни ја понудата

LUMINARC

Француски бренд кој од 1948година е специјализиран за производи за домаќинство. Високо квалитетни и исклучително отпорни, нудат широка палета на производи за вашата кујна задоволувајќи го секој вкус и секоја потреб на модерното домаќинство по многу прифатливи цени.

Погледни ја понудата

EVVIVA

Нови и уникатни облици препознатливи по нивната оригиналност,иновативност и динамика кој за главна цел имаат да внесат убавина и функционалност во вашето секојдневие. Од производи за вашата кујна до прекрасни и несекојдневни декорации и аксесоари, ќе пронајдете се што ви е потребно за модерен изглед на вашиот дом.

Погледни ја понудата

BOHEMIA

Започнувајќи ја својата работа во 1967година, Чешкиот бренд е еден од најголемите производители на чаши во светот. Употребата на без оловно стакло- CRISTALITE, кое се одликува со голем сјај и брилијантност, како и титаниумот кој го содржат ги прават посебно издржливи и отпорни на оштетување и го задржуваат сјајот после голем број на циклиси на машинско перење.

Погледни ја понудата

Mauro Ferretti

Mauro Ferretti излегува на виделина благодарејќи на креативниот дух и талент на тимот кој повеќе од 30години создава ексклузивни и иновативни линии во областа на мебел и декоративни елементи. Иновативност- креативност-конкурентност, се трите основни принципи по кој се води италијанскиот бренд. Постојаната еволуција во процесот на создавање и производство и употребата на квалитетни материјали, како и модели и колекции развиени од дизајнерите на компанијата ги прават производите уникатни и тренди.

Погледни ја понудата